Алжирскиот репрезентативец Ајуб Абди го постигна најубавиот гол досега на Светското првенство во ракомет.
Ракометната репрезентација на Алжир претрпе два порази на стартот на Светското првенство, но најдобриот играч на тимот – Ајуб Абди го постигна најубавиот гол на турнирот досега. За работите да бидат подобри за Алжирецот, мали се шансите неговиот потег да биде надминат.
Десниот бек на францускиот клуб Нант ја надмудри целата италијанска одбрана и постигна спектакуларен гол. Тој летово ги искористи одличните настапи во дресот на Тулуз и го засили составот на Нант.
Погледнете ја магијата на леворакиот Алжирец!
One of the most acrobatic goals we've ever seen at World Championships, signed by Ayoub Abdi 🇩🇿🤸♂️#CRODENNOR2025 #inspiredbyhandball pic.twitter.com/QKpjIcG1hf
— International Handball Federation (@ihfhandball) January 16, 2025