[ВИДЕО] Русите извршија жесток напад на Киев и Запорожје! Има загинати и повредени - Одекнаа силни експлозии, шут и урнатини насекаде!

Точка

18/01/2025

19:46

1.899

Големина на фонт

а а а

Сите единици за итна помош пристигнаа на местото на настанот, соопшти градоначалникот.

Руските сили извршија воздушен напад врз Киев рано утрото на 18 јануари. Во нападот загинаа најмалку четири лица, потврдија градските власти. Тројца се повредени, изјави шефот на градската воена управа на Киев, Тимур Ткаченко.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, прозорците биле разбиени, а чад го исполнил влезот на станбена зграда во областа Шевченко. Неколку автомобили изгореа во нападот.


Оштетен е и водоводот во тој реон, при што екипите за поправка веднаш биле испратени на терен, изјави Кличко.

Во станбен блок во населбата Шевченко се искршени прозорците, а чад излегува од зградата. Оштетени се и стаклените површини на влезот во метро-станицата Лукјанивска, која моментално е затворена за патници. Возовите поминуваат без застанување, напиша градоначалникот на Телеграм.

Отпадоци од експлозиите се забележани и во областа Десниански, додаде Ткаченко, според „Киев Индипендент“.

Жртви во нападот на инфраструктурен објект во Запорожје

Експлозии се слушнале и во Запорожје за време на воздушниот напад, откако бил погоден инфраструктурен објект, при што се пријавени жртви, јавуваат дописниците на „Укринформ“. Шефот на Регионалната воена управа на Запорожје, Иван Федоров, преку Телеграм ги потврди експлозиите во градот.

„Експлозии одекнуваат во регионот Запорожје“, се наведува во извештајот.


Непријателот погоди инфраструктурен објект во Запорожје. Има жртви, според првичните извештаи. Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро додаде шефот на регионалната воена управа.

Подоцна Федоров ажурираше дека административната зграда на индустрискиот објект е целосно уништена.


Според дописникот на „Укринформ“, експлозиите се слушнале околу 06:00 часот по локално време, а блесоци од експлозии биле видливи на небото во неколку делови од градот.

Како што претходно објави „Укринформ“, во текот на ноќта руските ударни беспилотни летала повторно нападнале делови од Украина од различни насоки.