Архитектот Грег Чејс објави фотографија на социјалните мрежи од куќата што ја дизајнирал, а која ги преживеа пожарите во Лос Анџелес. Откако изгореа сите куќи во населбата, а оваа остана недопрена, тој објасни зошто.
Архитектот Грег Чејс објави фотографија на социјалните мрежи од куќата што ја дизајнирал, а која ги преживеа пожарите во Лос Анџелес. Откако изгореа сите куќи во населбата, а оваа остана недопрена, тој објасни зошто.
„Некои од нашите дизајнерски избори помогнаа овде. Но, имавме и среќа“, напиша тој покрај фотографијата од куќата.
Во коментарите тој откри дека куќата била целосно зачувана по пожарот и дека е погодна за живеење. „Бев внатре и претходно, можете да живеете во неа“, додаде тој.
No words really - just a horror show. Some of the design choices we made here helped. But we were also very lucky. pic.twitter.com/kpqfiRj49M
— g chasen (@ChasenGreg) January 9, 2025
„Помогна тоа што немаше вегетација до куќата“, рече еден корисник на „Икс“, а Чејс се согласи, додавајќи дека помогнало и тоа што една од околните куќи била урната две недели порано.
Појасни и дека куќата имала огноотпорен покрив, огноотпорни ѕидни панели, на покривот немало отвори за вентилација или настрешници, а прозорците биле од калено стакло. Тој тврди дека помогнало и тоа што куќата била опкружена со бетонски ѕид.
„Ќе биде потребно само замена на неколку стаклени панели и тоа е тоа“, вели тој.
„И броилото за гас беше заштитено. Овде ништо не е среќа, туку паметна конструкција“, тврдат други.
Многумина биле шокирани што автомобилот на соседот изгорел, но куќата останала недопрена.
„Соседот го преместил автомобилот на патеката непосредно пред пожарот. Тоа може да биде причината поради која неговата куќа изгорела“, верува тој, истакнувајќи дека семејството се вселило во таа куќа пред 6 месеци.
You have a sterile perimeter: no vegetation, except for the planters. You probably have a fire resistant roof and siding. You have a brick and mortar retaining wall. Those are all good safeguards against fire. There is no luck involved.
— Christina Kunneke (@AMCKunneke) January 10, 2025
Слична сцена во Малибу, каде цел ред куќи изгореа долж автопатот на Пацифичкиот брег, но, меѓу нив, еден објект остана да стои. Оваа речиси недопрена вила во Малибу вредна 9 милиони долари, му припаѓа на Дејвид Стајнер, пензиониран магнат за управување со отпад од Тексас и оженет татко на три деца.
Тоа не е случајно.
Додека куќите околу неа беа изгорени до темел, луксузната трикатна зграда остана пркосно да стои. Тајкунот тврди дека тоа не е случајност, ниту пак среќа. Имено, куќата е дизајнирана да издржи земјотреси и има ултра цврста структура, вклучувајќи камени ѕидови и ѕидови направени од мешавина од гипс, вар и земја, огноотпорен покрив и столбови забиени 15 метри во карпата долу за да издржат големи бранови, бидејќи се наоѓа веднаш до океанот.