Шеј Гилџус-Александер постигна 40 поени во уште еден натпревар со кој ја истакна МВП кандидатурата, а Оклахома Сити го доби дербито со Кливленд во НБА лигата.
Канадскиот репрезентативец беше најдобар поединец на теренот и го предводеше тимот на Тандер до нова победа, додека Дорт уфрли уште 22 поени за победничкиот состав.
Гарланд со 20 поени бил најефикасен во редовите на најдобриот тим на Истокот, кој го загуби вториот меѓусебен дуел сезонава со најдобрата екипа во западната конференција.
Индијана, Феникс и Л.А Клиперс остварија важни гостински победи, додека Сакраменто пред своите фанови го совлада Хјустон.
Вашингтон – Феникс 123:130
Детроит – Индијана 100:111
Оклахома – Кливленд 134:114
Портланд – ЛА Клиперс 89:118
Сакраменто – Хјустон 132:127