"iPhone 17 Air" и "Galaxy S25 Slim" ќе имаат разочарувачки мал капацитет на батерии

Точка

16/01/2025

18:00

1.618

Големина на фонт

а а а

Ултра тенкиот дизајн на телефоните "iPhone 17 Air" и "Galaxy S25 Slim" носи компромиси во форма на намалено траење на батеријата и предизвици со соодветно ладење на процесорот.

Знаете како велат – се е прашање на компромис. Кога сакате да го направите најтенкиот телефон, нешто мора да се жртвува. Во случајот на претстојниот "iPhone 17 Air", тоа се камерата и батеријата. Гласините сугерираат дека ќе има само една задна камера, а денес беше откриен уште еден компромис – капацитетот на батеријата.

"iPhone 17 Air" нема да биде сам во ова, бидејќи "Galaxy S25 Slim" ќе има слична судбина. Според информациите од кинеската мрежа "Weibo", двата уреди ќе имаат батерии со капацитет меѓу 3.000 mAh и 4.000 mAh, што е доста разочарувачки.


За разлика од нивните кинески конкуренти, ниту "Apple" ниту "Samsung" не ја усвоија новата технологија на силикон-карбонски батерии, што овозможува поголема густина на енергија. Згора на тоа, нема гласини дека би можеле да го направат тоа во иднина.

Додека кинеските телефони од средната класа наскоро пристигнуваат со батерии од 7.500 mAh, поскапите "iPhone 17 Air" и "Galaxy S25 Slim" ќе мора да се задоволат со значително помал капацитет.


"Digital Chat Station", исто така, наведува дека ултра тенкиот дизајн на овие уреди ќе го стави на тест загревањето, односно соодветно ладење и траење на батеријата на уредот. Прототипот на "Galaxy S25 Slim" неодамна покажа скромни перформанси на "Geekbench" тестовите, што не е охрабрувачки.

Добрата вест е што неколку кинески производители размислуваат да лансираат слични модели, но со батерии од најмалку 5.000 mAh, што би можело да постави нов стандард, пишува "GSM Arena".