Шок за милиони Американци: "TikTok" се гаси, еве што е следно

Точка

16/01/2025

15:42

2.709

Големина на фонт

а а а

"ByteDance", компанијата која е сопственик на "TikTok", одлучи целосно да ја исклучи апликацијата.

Сопственикот на социјалната мрежа "TikTok" има намера да ја исклучи апликацијата за корисниците во САД од недела, 19 јануари, кога треба да стапи во сила нејзината забрана, освен ако Врховниот суд не ја блокира, велат добро упатени извори.

Таквиот исход претставува подрастичен потег од она што го бара законот, кој американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша минатиот април, објави Ројтерс.

Овој закон првично предвидуваше само забрана за нови преземања на апликацијата од "App Store" и "Google Play" продавниците, додека постоечките корисници би можеле да продолжат да ја користат некое време.


"ByteDance", компанијата сопственик на "TikTok", одлучи целосно да ја исклучи апликацијата и планира да ги пренасочи сите корисници на посебна страница на денот на нејзиното затворање каде што ќе можат да ги преземат своите податоци.

Според планот на "TikTok", луѓето кои ќе се обидат да ја отворат апликацијата ќе видат порака која ги упатува на веб-локација со информации за забраната, велат изворите.

Бајден го потпиша законот во април минатата година со кој се бара од "ByteDance" да ги продаде своите средства во САД до 19 јануари 2025 година, или ќе се соочи со забрана на национално ниво.


„TikTok“ објави во судска пријава минатиот месец дека проценува дека една третина од 170 милиони Американци кои ја користат нејзината апликација ќе престанат да пристапуваат до платформата доколку забраната трае еден месец.

Повеќе од 700.000 нови корисници во САД се приклучија на кинеската мрежа "RedNote", неколку дена пред потенцијалната забрана на апликацијата "TikTok" во Соединетите држави, изјавија извори за "Reuters" претходно денеска.

Апликацијата "Lemon8", која, како и "TikTok", е во сопственост на кинеската компанија "ByteDance", стана популарна и меѓу странските корисници, при што преземањата скокнаа за 190 отсто на околу 3,4 милиони минатиот месец.


Во меѓувреме, Врховниот суд на Соединетите Американски Држави започна да ги разгледува аргументите во врска со законитоста на одлуката за забрана на платформата "TikTok" или наметнување на нејзина продажба до 19 јануари во САД.

Министерството за правда тврди дека "TikTok" е сериозна закана за националната безбедност на САД поради ризикот Кина да ги користи овие податоци за шпионажа, уцена или манипулација со содржината што корисниците ја гледаат на апликацијата.