Познатиот ММА борец Конор МекГрегор се најде во центарот на нов скандал. Контроверзниот Ирец повторно обвинет за силување!
МекГрегор наводно нападнал 49-годишна жена во тоалетот за време на натпреварот Денвер-Мајами во Кејси центарот во јуни 2023 година, пишува "TMZ".
TMZ претходно објави дека МекГрегор со помош на обезбедувањето во "Kaseya" центарот ја одвоил жената од нејзините пријатели и ја натерал да одат во машкиот тоалет, каде што ја принудил на орален секс.
Против франшизата од Флорида исто така е поднесена тужба поради срамната реакција на обезбедувањето во арената.
По инцидентот се појави видео кое потврди дел од приказната на наводната жртва. На него се гледа како борецот води жена во тоалет, додека обезбедувањето стои пред вратата. Меѓутоа, полицијата тогаш не поднела пријава против МекГрегор поради недостиг на докази.
Откако МекГрегор беше прогласен за виновен за силување девојка во хотел во Даблин во 2018 година, наводната жртва од Мајами реши да го тужи Ирецот.
Наводно, станува збор за 49-годишна жена која поради својата политичка позиција сакала да остане анонимна.
Адвокатот на познатиот борец изјави дека судот ќе го отфрли овој случај бидејќи целата приказна е измислена.