[ФОТО] Селин Дион објави ретка фотографија со синовите одбележувајќи важна годишнина

Точка

15/01/2025

21:09

626

Големина на фонт

а а а

Селин Дион објави ретка фотографија со синовите Рене-Чарлс (23) и 14-годишните близнаци Нелсон и Еди.

Во описот на фотографијата на Инстаграм, таа се потсети на својот сопруг и татко на нејзините деца, Рене Анжели, кој почина од рак на грлото пред девет години, два дена пред неговиот 74-ти роденден.


„Рене, не можеме да поверуваме дека те нема веќе девет години. Не поминува ден, а да не го почувствуваме твоето присуство. Ти беше мојата најголема поддршка, мојот партнер и оној кој секогаш го гледаше најдоброто во мене. Те почитувам и засекогаш ќе нѝ недостасуваш, љубов.“ … Те сакаме“, напиша 56-годишната пејачка.

Тој беше 26 години постар од неа

Многумина истакнуваат дека нивната љубовна приказна беше една од најубавите и најневообичаените. Откриено е дека пејачката и Рене Анжели се запознале кога таа имала 12 години, а тој 38, а многумина беа шокирани од тврдењата дека нивната љубовна приказна започнала набргу потоа.


Нејзината мајка испратила снимка од една песна која Селин ја напишала и ја испеала на тогаш 38-годишниот менаџер и продуцент Рене Анжели. Тој сметаше дека Селин е исклучително талентирано дете, а таа средба целосно ѝ го смени животот.



Во една прилика тој ја поканил на аудиција во Квебек. „Јас почнав да пеам, тој почна да плаче. Тогаш знаев дека завршив добра работа“, откри Селин, која потоа со него и нејзината мајка заминала на турнеја низ Европа, Јапонија и Канада.

Чекаа да наполни 18 години

Пејачката инсистирала ништо романтично да не се случи меѓу нив додека е малолетна. Така и беше, двајцата официјално ја започнаа врската кога Селин наполни 19 години. Тие наводно почнале да излегуваат кога таа имала 18 години. Рене беше цели дваесет и шест години постар од Селин, па затоа нивната врска ја чуваа во тајност сè додека се венчаа седум години подоцна.


Пејачката се омажи за него иако јавноста беше жестоко против врската и бракот. „Нека луѓето мислат и кажуваат што сакаат за нас. Ние се сакаме и ќе се сакаме вечно“, рече Селин на свадбената церемонија. Инаку Рене почина на 14 јануари 2016 година.