Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…

Дерби

13/01/2025

13:14

1.185

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид на втор натпревар во низа беше брутално надигран од Барселона во секоја смисла на зборот, со тоа што овојпат „кралевите“ загубија во директна битка за првиот трофеј во сезоната.

Барса постигна четири гола на „Сантијаго Бернабеу“ во пресметката во Ла Лига пред неколку месеци, но вчеравечер одигра уште помоќно во Саудиска Арабија и броеше до пет во натпревар во кој можеше да постигне и седум или осум голови.

„Петардата“ изразена со резултат 5:2 дефинитивно е нов непријатен удар за Карло Анчелоти и неговите играчи, но по последниот судиски свиреж, еден од најрелаксираните во Џеда беше Флорентино Перез.

Претседателот на Реал џентлменски им честиташе на ривалите и пријателски се прегрна со Жоан Лапорта, но камерите ја „уловија“ и пораката која му ја испратил на Лука Модриќ при доделувањето на медалите.

– Некогаш мораше да загубиме во некое финале, нели?, – гласи пораката на Перез до Модриќ, по што Хрватот во микс-зоната ја дал следната изјава.

– Ако треба да избереме пораз во едно финале, тогаш тоа сигурно ќе биде ова. Навистина не е пријатно да примите девет голови на два натпревари од најголемиот ривал, но ако треба да бираме меч на кој сакаме да претрпиме пораз, тоа сигурно е Суперкупот. Барселона беше далеку подобра и треба да и се честита, ова е фудбал, а фудбалот е составен од победи и порази. Мора да останеме сплотени и да работиме напорно, сигурен сум дека ќе ги израдуваме фановите до крајот на сезоната, останува уште многу за игра, – изјавил Модриќ.