Јувентус сака да комплетира неколку зделки во овој преоден рок, односно тимот предводен од Мота да добие свежа крв и енергија за продолжението од кампањата.
„Старата дама“ има неколку поставени цели, а една од нив е да ја засили офанзивата, да донесе напаѓач кој ќе може да му помогне на Влаховиќ кој низ целата тековна сезона сам го носи теретот со оглед на повреда на Милик.
Реномираната „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е на добар пат да заврши операција според која Рандал Коло Муани ќе заврши во Торино. Наводно постигнат е начелен договор за позајмица на Французинот, меѓутоа има опасност за пропадне зделката ако калчолигашот не ја затвори што побрзо.
Имено ПСЖ се уште посакува да го продаде Муани и ако некоја екипа се појави со пари, соодветна понуда тогаш „светците“ можат да го испратат напаѓачот на таа дестинација.
Некогашниот играч на бунделсигашот Ајнтрахт Франкфурт не е во плановите на тренерот Луис Енрике. Досега одигра 14 средби во сите конкуренции со учинок од 2 гола и 1 асистенција.