Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола неодамна се најде во многу интересна ситуација на аеродромот кога тројца момци му побараа автограм. Шпанецот реши да им одржи важна животна лекција пред да потпише.
Гвардиола на аеродромот ги сретна момчињата кои се таканаречени „ловци на автограми“. Тоа се луѓе кои постојано се обидуваат да најдат спортисти на аеродром, пред хотели или каде и да можат и бараат од нив да се потпишат на нивната спортска опрема (дресови, шалови, налепници), а подоцна ја продаваат за многу пари.
Шпанецот ги препозна трите момчиња, а потоа им одржа мала животна лекција.
- Не доаѓајте повеќе, ви ги знам лицата. Одете на училиште и подгответе се за животот. Премногу сте млади за да си го губите времето и животот овде. Дали сакате да го правите ова до крајот на животот? Кои се вашите соништа?
На крајот, еден од најдобрите тренери на денешницата сепак ја потпиша целата опрема што му ја дадоа момчињата.
Pep Guardiola having a pop at autograph hunters. 😂😂
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) January 12, 2025
He's absolutely spot on by the way. 👏 pic.twitter.com/MKgekEfiIQ