Кардиолозите апелираат: Престанете со една вообичаена навика

Точка

12/01/2025

13:54

1.909

Големина на фонт

а а а

Повеќето од нас утрата ги започнуваме забрзано, обидувајќи се да се разбудиме што е можно побрзо и да се подготвиме за тој ден. Иако можеби не размислуваме за здравјето на срцето веднаш штом ќе се разбудиме, начинот на кој го поминуваме утрото има значително влијание врз нашето тело, вклучително и кардиоваскуларното здравје. Според експертите, одредени вообичаени утрински навики можат да му наштетат на срцето повеќе отколку што очекуваме.

Една од најштетните навики е прескокнувањето на појадокот. „Прескокнувањето на појадокот може да го зголеми ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести до 87 отсто“, предупредува кардиологот Д-р Чинеду Маду, пренесува „Parade“. Тој додава дека појадувањето пред 8 часот има позитивно влијание на телесниот циркадијален ритам, кој го регулира метаболизмот и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.


Од друга страна кардиологот Д-р Бредли Сервер препорачува појадок богат со протеини, сложени јаглехидрати и здрави масти, како што се овесна каша со бобинки или тост со авокадо и јајца.

Начинот на кој го започнуваме денот игра важна улога

Исто така, навиката да се испие голема шолја кафе на празен стомак може да предизвика наплив на адреналин, зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок, вели кардиологот др. Сем Сетарех. Наместо тоа, експертите советуваат консумација на хранлив оброк пред кафето за да се избегнат негативните ефекти врз срцето, особено кај луѓето склони кон анксиозност или хипертензија.


Покрај исхраната, клучна улога игра и начинот на кој го започнуваме денот. Навиките како доцното будење или проверка на телефонот веднаш по будењето го зголемуваат нивото на кортизол и го оптоваруваат срцето.


„Стресот предизвикан од брзање или негативна содржина може значително да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни проблеми“, вели др. Сервер. Наместо тоа, утрото треба да вклучува лесна физичка активност, како што се истегнувањето, кратката медитација или неколку минутно интензивно движење, што може да го преполови ризикот од срцеви заболувања кај жените, според истражувањата.

„Малите, промислени промени во вашата утринска рутина можат да имаат големо влијание врз вашето долгорочно здравје на срцето“, заклучува др. Сетарех.