[ФОТО] Мрежите сè уште „горат“ од новогодишниот фустан на Меланија Трамп и танцувањето со сопругот! Ваква ја немаме видено, најпредизвикувачкиот стајлинг досега

Точка

10/01/2025

20:22

2.983

Големина на фонт

а а а

Меланија и Доналд Трамп ја дочекаа 2025 година на гала забава во неговиот раскошен имот Мар-а-Лаго на Флорида. Познатата двојка беше пречекана на црвениот тепих, поранешната словенечка манекенка воодушеви со новогодишниот фустан, а потоа и со својот танц додека танцуваше на познатата песна од 1978 година „Y.M.C.A“ на бендот „Вилиџ пипл“ (Village People), која нејзиниот сопруг ја обожава.

Меланија и Доналд Трамп влегле на новогодишната забава на спектакуларен начин.

Познатата Словенка носела долг црн фустан, со голо рамо и заводлив шлиц. Ова е еден од најпровокативните фустани што ги носела во јавноста досега и секако најпровокативниот модел во кој сме ја виделе откако нејзиниот сопруг влезе во политиката.

Меланија носела црна елегантна тоалета на „Версаче“. Нејзиниот фустан ја следел нејзината совршена фигура, со дискретен израз на едната страна, истакнувајќи ги нејзините совршени нозе. Драпираниот дел на деколтетот ја балансираше цврстата структура на обликот на фустанот. Меланија ја надополнилна женствената и атрактивна тоалета со златни прстени и црни чевли во високи потпетици кои се нејзин заштитен знак.

Фустанот на Меланија во моментов е достапен на saksfifthavenue.com за „3.990“ долари.