Лапорта го повика Рафиња на посериозен разговор по контроверзната изјава на капитенот

Дерби

08/01/2025

13:47

1.345

Големина на фонт

а а а

Барселона вечерва ќе игра против Атлетик Билбао во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, натпреварување на кое домаќин оваа година друг град во Саудиска Арабија.

За разлика од минатата година кога завршниот турнир се играше во Ријад, сега организатор на настанот е градот Џеда, па оттаму ни пристигна и една впечатлива сцена од познатиот стадион „Кинг Абдулах“.

Рафиња како капитен на Барселона вчера имаше бомбастична изјава и посочи дека како тој би се замислил дали да направи трансфер во Каталонија доколку сега беше дел од друг клуб, сето тоа како резултат на сложената финансиска ситуација која направи да гледаме и бизарна епизода со која соочуваат Дани Олмо и Пау Виктор.

Проблемот за регистрација на двајцата фудбалери значително се пролонгираше и се направи голема сага во изминатите десет дена, па дефинитивно, најмалку потребна беше и изјавата на капитенот на првиот тим.

Рафиња беше искрен и директен и порача дека не му се допаѓа непријатната ситуација, а поради таквиот став, пред вчерашниот тренинг во Џеда имал и посериозен разговор со претседателот Жоан Лапорта.