Атрактивната Софија ја открила тајната на големиот ривал на Новак: „Ми доаѓа да плачам додека го чекам во креветот, три пати оди во тоалетот“

Точка

09/01/2025

22:26

3.979

Големина на фонт

а а а

Германскиот тенисер Александар Зверев долго време е на најголемата сцена, во кариерата освоил многу трофеи, но барем засега недостигаат најголемите од Грен слем турнирите. Во што би можело да биде да биде проблемот, открила неговата долгогодишна девојка Софија Томала.

Зверев има 27 години и најдобар пласман на АТП листата во кариерата му беше второто место кое сè уште го држи, а два пати стигна и до финалето на Грен слемовите. Сепак, тој никогаш не успеа да дојде до трофејот, бидејќи прво беше поразен од Доминик Тием во финалето на УС Опен во 2020 година, а потоа и од Карлос Алкараз во 2024 година на Ролан Гарос.


Од друга страна, Германецот успеа да освои злато на Олимписките игри во Токио, како и две титули на завршниот Мастерс.

Сепак, тоа не е доволно за играч со негов квалитет, а што може да биде проблемот открила неговата осум години постара избраничка во интервју за „РТЛ“.


„Секоја вечер пред да си легнеме, тој оди во бањата барем три пат и одново и одново. И тогаш ќе стави приврзоци околу вратата. Ми доаѓа да плачам, но потоа се замислувам и велам: ’Ајде сега, дојди во кревет‘.

Суеверието е знак на слабост, бидејќи инсистирањето на одредени ритуали не е ништо повеќе од недостаток на верба во себе“, заклучила Софија.