Сколс распали по Ретклиф и испорача неколку „отровни стрели“ без влакна на јазикот

Дерби

08/01/2025

12:50

1.020

Големина на фонт

а а а

Сер Џим Ретклиф го презема спортскиот проект во Манчестер Јунајтед во февруари минатата година, а во период кога навршуваат речиси 12 месеци од големата инвестиција на британскиот бизнисмен, јавно беше испорачана и првата брутална критика на негова сметка.

Пол Сколс си даде за право да испрати неколку „отровни стрели“ до човекот кој прифати да го води спортскиот проект на великанот од „Олд Трафорд“, заклучувајчи дека Ретклиф во минатата година го води клубот полошо и од Глејзерови кои беа со години критикувани од јавноста.

Во споменатиот период, Ретклиф донесе навистина низа непопуларни одлуки, но најнегативен публицитет му донесоа отказите кои ги додели за голем број вработени во клубот, како и зголемената цена на сезонските билети за натпреварите на домашен терен.

– Новото раководство предводи речиси една година, а сите работи се уште се многу негативни. Не може да ми текне на ниту една позитивна работа која ја направија за клубот. Работите станаа уште полоши на фудбалскиот терен, па затоа не смеете да помислите да побарате од навивачите да плаќаат поскапи билети за домашните натпревари.

– Најевтиниот билет сега е 66 фунти, а во Манчестер се уште има области кои не можат лесно да си дозволат такви средства. Ако понесете едно детенце со себе на натпревар, тоа се 120 фунти, ако понесете цело семејство, тоа се 300 или 400 фунти. Јунајтед ја игра најлошата сезона во историјата на Премиер лигата, а билетите се поскапи од било кога, тоа е иронија…

– Не се само билетите, не направија ништо позитивно за клубот откако дојдоа. Тимот изгледа потпросечно, а не направија ништо и за фановите. Го добивме Сер Џим Ретклиф и правевме споредби во негова полза кога се во прашање американските газди, но тој како фан на Јунајтед од мали нозе реши да ги покачи цените на штета на фановите. Со тоа покажа дека не се грижи за нив, – потенцира Сколс во своето обраќање за „Оверлап шоуто“.