Дали некогаш навистина било подобро или носталгијата е опојна?
За време на летните годишни одмори, на социјалните мрежи неизбежно се појавуваат фотографии од периодот на поранешна Југославија, проследени со описи – како летувањето пред 40 и повеќе години било незаборавно искуство. Возење со „фиќо“ во жештината, спиење на плажа, сечење домати и сланина…
Кога ќе дојде времето на празници, се повторува слична ситуација. Фотографии (вистински или генерирани со помош на вештачка интелигенција) на кои семејствата се собрале околу телевизор, додека на масата има руска салата, кифли, пијалок… Мотивот е истиот – некогаш било подобро.

„Никогаш повеќе нема да биде така. Сега гледам како по продавниците туркаат големи колички, како да никогаш не јаделе“, „Денес сè се гледа преку пари, луѓето ја изгубија душата“, „Денес сè е вештачко и без душа“, „Мене оваа фотографија ми буди носталгија за некои подобри времиња“, „Позабавно отколку денес“ – се само некои од стотиците коментари под фотографии од сличен тип.
Ovako se slavila Nova Godina Devedesetih 90‘ 🎄
Posted by LOLIN KUTAK on Monday 15 December 2025
И денес луѓето се собираат, дружат, не гледаат сè преку пари (бидејќи пари нема), среќни се и ги поминуваат празниците заедно. Единствената разлика е што старите фотографии будат носталгија, но тоа не значи дека било подобро или полошо, само било поинаку.











