Реал Мадрид сезонава не остварува резултати какви што посакуваат фановите во Евролигата, па очекувано е дека по крајот на сезоната ќе бидат повлечени одредени потези поврзани со ростерот.
Утринава, специјализираните кошаркарски портали пренесуваат најава за вистинска трансфер бомба, односно големо засилување за Реал од следната сезона.
Се работи за најдобриот играч на Асвел, Тео Маледон, кој сезонава игра на високо ниво во Евролигата, со што се наметна кај поголемите и побогати европски клубови.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал веќе има договор со Маледон и тој од следната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот великан.
Французинот сезонава има просек од 18,8 поени, 4,8 асистенции и 4,2 скока по натпревар во Евролигата.
Маледон има само 21 година и навивачите очекуваат да биде дел од супер тандем со Кампацо, но и да се претвори во нов лидер на „кралскиот клуб“.