Капитенот на Аталанта: Интер не масакрираше во август, но сега…

Дерби

02/01/2025

10:57

1.824

Големина на фонт

а а а

Аталанта ја заврши 2024-та година како првопласиран тим на табелата во Серија А, па поради тоа со огромна самодоверба отпатува за Ријад каде денеска ќе го одигра полуфиналето во Суперкупот.

„Ла Деа“ ќе го предизвика тимот кој трипати во низа го освојува трофејот во Суперкупот, а бидејќи истовремено станува збор за актуелниот италијански шампион, сите во таборот на Аталанта се свесни дека ја имаат најтешката задача на патот до финалето.

Интер се покажа како непогрешлив во ова натпреварување во последно време, но од големо значење пред полуфиналето е и последниот дуел со Аталанта која „нераѕурите“ го добија со 4:0.

Натпреварот од стартот на сезоната целосно мина во знакот на шампионот, но Мартен Де Рон сега верува дека тој и неговите соиграчи ја научиле лекцијата, односно ќе применат сосема поинаков пристап од оној пред четири месеци.

– Ќе се соочиме со најсилниот тим во Италија, покажаа дека се најдобри и за нас ќе биде да покажеме дека можеме да се натпреваруваме со нив. Ги предизвикавме на почетокот на сезоната во месец август и не масакрираа со нивата ефикасност.

– Сакавме да играме со отворен гард, се натпреварувавме без страв, но сега околностите се поинакви. На тој меч им остававме многу простор, верувам дека сега сме далеку подобри и поподготвени за нив. Убедени сме дека можеме да им направиме проблем, – изјави Де Рон како капитен на Аталанта.