Мал тест на здравјето со цвекло: Испијте сок или изедете салата од цвекло, па проверете ја урината и изметот

Точка

30/12/2024

18:18

2.933

Големина на фонт

а а а

Тестот со цвекло е едноставен метод кој може да ви помогне да го процените здравјето на вашиот дигестивен систем како и да укаже на потенцијалните проблеми.

Варењето (дигестијата) е сложен систем и опфаќа различни органи, па затоа е тешко да се знае со сигурност како функционира. Сепак, тестот со цвекло може да ви даде основна идеја за тоа колку брзо храната поминува низ вашиот дигестивен систем. Доволно е само да изедете салата од свежо цвекло или да испиете неколку лажици од неговиот благотворен сок.


„Кога јадете цвекло, неговиот пигмент, бетацијанинот, останува непроменет во текот на варењето и може да се појави во изметот или урината. Со набљудување на моментот кога се појавува црвената или розовата боја (обично во рок од 24-48 часа), можете да процените како функционира вашиот дигестивен систем. Доколку бојата се појави брзо, тоа може да укажува на забрзано варење, додека задоцнетото појавување или отсуство на боја може да сугерира бавно варење“ објаснува гастроентеролог д-р Акаш Чаудари.

Што е „битурија“ и како влијае врз дигестијата?

Битурија (beeturia) е англиски термин кој означува црвена или розова урина по консумирање на цвекло или производи кои содржат цвекло во рок од неколку часа. Оваа состојба не е сериозна и исчезнува кога ќе престанете со консумација на цвеклото.


Според д-р Чаудари, битуријата се јавува кај 10-14 отсто од луѓето и може да биде сигнал за ниско ниво на желудочна киселина, која го спречува разградувањето на пигментот или укажува на проблеми со метаболизмот на железото. Иако обично е безопасна, постојаната битурија е знак дека треба да посетите лекар.

Што значи кога изметот станува (светло) црвен?

Ова е нормален резултат од тестот и ја одразува брзината со која храната поминува низ цревата, вели д-р Чаудари.


„Ако бојата се појави во рок од 12-24 часа, тоа е нормална дигестија. Задоцнетата реакција која трае подолго од 24-36 часа може да значи бавна дигестија или запек, додека појавата на бојата за помалку од 12 часа укажува на забрзан „транзит“, што може да означува послаба апсорпција на хранливи материи“ предупредува тој.

Како да се подобри дигестијата доколку тестот укажува на проблем?

Ако резултатите од тестот укажуваат на проблеми, како што е бавната дигестија, зголемете го внесот на влакна, пијте повеќе течности и започнете со редовна физичка активност за да ја стимулирате дигестијата.


За забрзана дигестија, д-р Чаудари препорачува внесување на лесно сварлива, хранлива храна и пробиотици за обновување на цревната флора. Исто така, за адекватно ниво на желудочна киселина и подобра дигестија, размислете за користење јаболков оцет или горчливи билки пред оброк.

Ризици и мерки на претпазливост пред тестот

Тестот со цвекло е генерално безбеден, но има одредени работи на кои треба да се внимава.


„Ако имате историја на камења во бубрезите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да го направите тестот, бидејќи цвеклото содржи оксалати кои можат да придонесат за нивното формирање. Исто така, светло-црвениот измет може погрешно да се протолкува како гастроинтестинално крвавење, па затоа е важно да бидете сигурни дека промената на бојата се должи на консумирање цвекло, а не на посериозна состојба. Доколку сте алергични на цвекло, избегнувајте го овој тест“ советува д-р Чаудари.