Милан веќе има подготвено пречек за новиот Португалец на клупата

Дерби

30/12/2024

11:21

1.403

Големина на фонт

а а а

Пауло Фонсека имаше турбулентни шест месеци како тренер на Милан, но пред самиот крај на 2024-та година, клубот реши да му врачи отказ и да го испрати дома по ремито со Рома.

Раководството на италијанскиот великан оцени дека веќе нема нерви за променливите резултати на тимот и вчеравечер му додели отказно решение на Фонсека додека тој уште даваше интервјуа за медиумите, но со оглед на брзиот расплет на настаните, јасно е дека клубот подготвувал вакво нешто веќе некое време.

Веднаш по врачениот отказ на Фонсека, Милан ги направи и завршните подготовки за тоа што следува во текот на денешниот ден, а тоа е пречекот на тренерот кој ќе го наследи досегашниот стручњак.

Интересно, Милан се одлучи за уште еден Португалец на клупата на првиот тим, но во случајот станува збор за човек кој има целосно различни концепти од оние на Фонсека.

Се работи за искусниот Серџо Консеисао кој оставри навистина значајни успеси како тренер на Порто, а кој според последните информации, уште денеска попладне ќе пристигне во градот на модата.

Португалецот околу 14:00 часот попладне треба да слета во Милано, по што ќе следат сите попатни обврски до официјалната промоција како тренер на Милан.