Алексеј Бугаев своевремено беше руски репрезентативец и собра два настапи на Европското првенство во 2004-та година, но во последно време беше поврзан со низа лоши настани и животни одлуки, кои на крајот резултираа со најлош крај.
Поранешниот репрезентативец бил пронајден мртов на 43-годишна возраст по еден напад на рускиот фронт во Украина, а оваа вест ја потврди неговиот адвокат Антон Смирнов, како и неговиот татко.
Бугаев најдобрите фудбалски денови ги имаше пред точно две децении кога беше дел од Европскиот шампионат во Португалија, па покрај двата настапи на континенталниот собир, вкупно собра уште пет во националниот тим.
Алексеј цела играчка кариера ја мина во родната земја и настапуваше за Торпедо Москва, Локомотив Москва, Томск, Химки и Краснодар, но заврши прилично рано со фудбалот поради криминално досие.
Бугаев се пензионираше на само 29-годишна возраст, а во текот на 2024-та година доби деветгодишна затворска казна поради поседување и продажба на дрога. Како осуденик, решил својата казна да ја намали со доброволно пријавуање на рускиот фронт, а оттаму сега пристигна вест дека го загубил животот.
Бывший футболист сборной России по футболу Алексей Бугаев погиб в зоне СВО. Ему было 43 года pic.twitter.com/boMvbz2cBq
— Газета.Ru (@GazetaRu) December 29, 2024