Новиот сириски лидер: Изборите би можеле да се одржат за четири години

Макфакс

29/12/2024

13:09

1.311

Големина на фонт

а а а

Изборите во Сирија би можеле да се одржат за четири години, изјави новиот сириски лидер Ахмед ал Шара, што е првпат да постави распоред за политичкиот процес откако Башар ал Асад беше соборен овој месец.

Изработката на новиот устав може да потрае до три години, рече Шара во интервју за саудиската државна телевизија. Тој, исто така, изјави дека ќе биде потребна околу една година за Сиријците да видат драстични промени.

Шара ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам која го собори Асад на 8 декември, ставајќи крај на децениското владеење на неговото семејство и 13-годишната граѓанска војна. Тој рече дека ХТС ќе биде распуштен на конференцијата за национален дијалог.


За надворешните односи Шара рече дека Сирија дели стратешки интереси со Русија. Русија има воени бази во Сирија, беше близок сојузник на Асад за време на долгата граѓанска војна и му даде азил на Асад.

Шара претходно овој месец рече дека односите на Сирија со Русија треба да служат на заеднички интереси.

Шара додаде дека се надева оти администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите воведени за Сирија.

Високи американски дипломати кои го посетија Дамаск овој месец рекоа дека Шаара постапил прагматично и дека Вашингтон одлучил да ја отстрани наградата од 10 милиони долари за главата на лидерот на ХТС.