Двајцата потврдени преживеани во авионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел од леталото што задржал парче од својата форма, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на Муан, Ли Јунг-Хјун.
Преживеаните во несреќата, кои се членови на екипажот, се згрижени во болница.
„Само делот од опашката ја задржал формата малку, а остатокот од авионот изгледа речиси невозможно да се препознае“, рече шефот на противпожарната служба, пренесе „Си-ен-ен“.
Видеото и сликите од местото на настанот ги прикажуваат јагленисаните остатоци од авионот, а само делот од опашката е видно недопрен.
Претходно, јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави сведоштва од преживеаните стјуарди.
„Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа дојде до експлозија“, изјави Ку, стјуардеса на 20-тите години, за новинската агенција „Јонхап“.
Другиот преживеан, стјуардот Ли (33), рекол дека не ги памети околностите на несреќата.
Бројот на загинати се искачи на 177 лица од вкупно 181 патник и членови на екипажот.