Во видеото кое не потсетува на „најдоброто од 2024 година“, "Alfa Romeo" ја скокотка фантазијата на фановите.
"Alfa Romeo" се збогуваше со 2024 година со видео кое ги доловува најдобрите моменти од годината што се ближи кон крајот, а на крајот додаде мало изненадување. Се шпекулира дека компанијата ги покажала задните "LED" светла на следната генерација на моделот.
Континуираната "LED" лента е моделирана по предната маска на легендарната "Scudetto" и се протега на целата површина.
Интересно е што ова не е првпат "Alfa Romeo" да ја користи оваа триаголна шема, која делува како драстична еволуција на графиката на задните светла на актуелните модели на" Giulia" и "Stelvio".
Покрај целосните задни светла, имаме и навестување за предниот дел на идниот SUV кој доаѓа во 2025 година.
Почнувајќи од моделот "Junior", кој дебитираше претходно оваа година, сите модели на "Alfa Romeo" ќе имаат пократка верзија на маската на "Scudetto" со 3D графика инспирирана од амблемот на "Alfa".
Како што потврди шефот на дизајнот Алехандро Месонеро-Романос, идните модели на "Alfa Romeo", исто така, ќе го напуштат асиметричното поставување на регистарските таблички, што претходно го бараа прописите за безбедност на пешаците.
Новата генерација на моделите "Alfa Romeo", "Giulia" и "Stelvio" ќе ја користат механичката платформа "STLA Large", која веќе ја формира основата на новиот "Dodge Charger".
Иако претставниците на компанијата спомнаа само електрични погони, со оглед на актуелните трендови во индустријата, веројатно италијанската компанија ќе понуди и верзии со мотори со внатрешно согорување, можеби со некаква хибридна помош.
Претходно оваа година, поранешниот шеф на "Alfa Romeo", Жан-Филип Импарато, сугерираше дека електричната верзија на "Stelvio" може да произведе до 1.000 коњски сили (735 kW), што го прави еден од најмоќните теренци на пазарот.
Според последните извештаи, новиот "Stelvio" ќе дебитира во летото 2025 година, додека техничкиот модел на "Giulia" ќе следи во 2026 година.