Спортинг се ослободи од тренерот кој го наследи Аморим

Дерби

26/12/2024

11:45

315

Големина на фонт

а а а

Спортинг Лисабон не можеше да го запре заминувањето на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед, стратег кој испиша историја со оваа екипа, стратег кој остави тим кој едноставно „леташе“ и во клубот очекуваа таа приказна да продолжи со Жоао Переира кој пристигна од вториот тим.

Меѓутоа Спортинг се изгуби под водство на Переира и на осум средби забележа само три победи со што беше запалено црвеното светло кај управата која официјално одлучи да му врачи отказ на поранешниот португалски репрезентативец.

Раководните луѓе очекуваат многу повеќе и поради ова експресно реагираа и се ослободија од Жоао за кого веќе и пронајдоа замена во 43 годишниот Руи Боржес кој доаѓа од редовите на Виторија Гимараеш.