Јавноста ја запозна како Родриго Алвеш, но потоа го смени полот и името и сега се претставува како Џесика Алвес.
Џесика Алвеш во емисијата ги раскажа речиси сите детали од процесот на промена на полот.
Таа за прв пат направила пластична операција на 17 години, додека во меѓувреме била подложена на повеќе од 100 хируршки зафати, а своевремено ја нарекуваа „човечки Кен“, поради крајно вештачкиот изглед кој го претставуваше како Родриго Алвеш.
Операциите кои ги имала вклучуваат затегнување на лицето и намалување на главата, а сето тоа ја чинело 1,4 милиони долари, како што пишува „nzherald.co.nz“.
„Операцијата која ја направив се нарекува операција за промена на полот. Естетиката на мојата вагина е потполно иста како и биолошката вагина, постојано ја гледам. За три месеци таа ќе ја има истата функција, еластична е, само се подмачкува“, изјави таа во емисијата „This Morning“, пишува Дејли Мејл.
Операцијата ја извршиле лекарите во Бангкок:
„Си ветив дека нема да плачам. Мојот живот ќе започне сега. Ќе продолжам да правам телевизиски емисии. Направив повеќе од 400 телевизиски емисии како маж и ќе продолжам да го правам тоа како жена“.
Инаку Џесика не била среќна во машкото тело.
„Постојано правев пластични операции за да се пронајдам себеси, но во реалноста секогаш бев трансродова жена. Се плашев, не знаев како да почнам. Имав многу работи на телевизија во различни земји и она што тие го сакаа беше Родриго. Потоа најдов начин да живеам со Џесика која беше внатре во мене. Се облекував како жена во тајност. Носев перика и потпетици и седев на кауч и гледав филмови. Тоа беше бегство од реалноста. Четири години живеев така во тајност. Потоа ми ги отстранија ребрата и ме оперираа за да изгледам поженствено“, изјави Џесика.
„Почнав да страдам од депресија и имав психолошка евалуација по што ми беше дијагностицирана родова дисфорија. Го започнав процесот на транзиција во 2019 година и завршив со многу емоции“, додаде таа.