Тој е зелен, огромен, лошо мириса и е еден од најомилените херои на младите и старите.
Шрек, чудовиштето со добро срце за кое мислевме дека е фиктивен лик, затоа што е невозможно такво суштество да постои во нашиот свет, згрешивме, бидејќи таков лик навистина постоел, и бил исто толку голем и силен.
Имено филмот за Шрек бил заснован на рускиот борач Морис Тилет или „францускиот ангел“ како што беше нарекуван. Роден во Русија во 1903 година, многу млад го загубил својот татко, а мајка му била принудена да емигрира во Франција, каде што пораснал.
Жените од неговото соседство поради убавината почнале да го нарекуваат „ангел“, но ненадејната болест му го сменила животот.
До својата 18-та година, Тилет бил убав и културен млад човек, кој зборуваше пет јазици, беше уметничка душа и се подготвуваше да студира право.
Меѓутоа, за жал, тој развил лимфедем, состојба која предизвикувала постепено отекување на неговите екстремитети и главата, сè додека неговиот имиџ не станал неверојатно непропорционален со неговата висина, поради што на крајот го нарекле „чудовиште“.
Поради неговиот изглед, тој почнал да се занимава со работи кои во тоа време ги правеле луѓето со слични проблеми, односно да глуми чудовиште во филмови, но и да работи како обезбедување во ноќни клубови.
Исто така патувањето во Америка, го натерало да го открие борењето и да стане светски шампион, а и покрај неговиот застрашувачки изглед, тој продолжил да биде љубезна и префинета личност.
Меѓутоа во 1940 година неговото здравје се влошило, а починал во Франција во 1954 година, по учеството на својот последен боречки меч.