Манчестер јунајтед не бил толку лош од 1986 година

Макфакс

24/12/2024

16:18

526

Големина на фонт

а а а

Манчестер јунајтед игра уште една лоша сезона. Ни смената на тренерот не ги подобрија резултатите.

Кризата во клубот трае цела деценија, од моментот кога сер Алекс Фергусон замина во пензија.

Ситуацијата во таборот на „црвените ѓаволи“ не се подобри ниту со заминувањето на Ерик тен Хаг, односно со доаѓањето на Рубен Аморим,. Борнмут викендов го декласира Јунајтед со 3:0.

Манчестер јунајтед го бележи најлошиот пласман во Премиер лигата во периодот пред Божиќ од 1986 година, открива Опта.

Овогодинешното 13-то место на табелата е најлошата позиција на Јунајтед во овој момент од сезоната од дебитантската сезона на Алекс Фергусон, кога беа на 15-то место.

Иако ситуацијата е многу лоша, Аморим не се очекува да биде под притисок поради состојбата во која се наоѓа тимот, а ќе биде интересно да се види какви потези ќе повлечат клупските челници во јануарскиот преоден рок.

Откако пристигна во Манчестер од Лисабон, Аморим има четири победи, едно реми и четири порази.

Во наредната рунда, на 26 декември, Манчестер јунајтед ќе гостува во Вулверхемптон.