Барселона две недели без Торес

Макфакс

24/12/2024

15:45

384

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Барселона, Феран Торес ќе отсуствува две недели поради повреда на стапалото на десната нога, пренесуваат шпанските медиуми.

Торес се повреди пред три дена на натпреварот од 18. коло на Ла Лига помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид (1:2).

Барселона соопшти дека Торес во текот на денот бил подложен на дополнителни лекарски прегледи, по што било утврдено дека фудбалерот е повреден.

Сепак, од каталонскиот клуб не прецизираа колку Торес ќе треба да отсуствува од теренот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Барселона ќе мора да го пропушти осминафиналето од Копа дел Реј против Барбарстро, кој е закажан за 4 јануари следната година.

Торес треба да биде подготвен за полуфиналето од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао кое ќе се одигра на 8 јануари во Џеда.