Девојка од Србија објави вирално видео во кое ја ставила вештачката интелигенција на тест. Имено, сакала да истражи дали вештачката интелигенција може да ѝ помогне во изборот на совршена лубеница. Фотографирала куп лубеници и побарала совет од „ChatGPT“.
Одговорот на „ChatGPT“ бил: „Препорака: Врз основа на сликата, лубеницата во горниот ред, втора од десно (со блага крем-жолта дамка, тркалезна, потемни зелени шари) изгледа како одличен избор – многу е веројатно дека е слатка и зрела. Ако сакаш дополнителна помош при изборот кога си таму во живо, можам да ти кажам и како да ја тестираш со тапкање или притискање.“
Полн погодок
Откако стигнала дома, ја пресекла лубеницата и во видеото го споделила своето воодушевување од резултатот. „Слатка е, супер е, и не е расипана, односно не почнала да се шеќери. Идеална“, рекла таа и им порачала на другите: „Ако не знаете, прашајте го ’ChatGPT‘ следниот пат.“
Kako se ja nisam ovog setio🧐😄 pic.twitter.com/gNzb3Ityza
— MoreofSea 🌅📷 (@MoreofSea) July 26, 2025
Поделени реакции
Нејзиното видео предизвика лавина од коментари, при што некои се прашувале зошто и самите не се сетиле на ова, додека други останале скептични.
„Како не се сетив на ова“, „Паметна употреба на ’ChatGPT‘“ и „Глупости … за да се научи занаетот за избор, треба да се научи каков звук произведува зрела лубеница при ’тапкање‘“, се само дел од коментарите.
„ChatGPT“ паднал на тестот
Некој решил да ја провери доследноста на вештачката интелигенција, па испратил иста фотографија со истото прашање, но „ChatGPT“ дал поинаков одговор и препорачал сосема друга лубеница.
Многумина во коментарите пишувале дека ваквите алатки можат да бидат корисни, но и дека не треба целосно да се потпираме на нив.
meni ovu odabrao haha pic.twitter.com/qyuAmPNNqR
— Le Piaf 2(novi) (@Loma2Zmijuga) July 26, 2025