Јувентус славеше на последниот гостински меч за оваа 2024 година во Серија А и тоа против Монца на „Бриантео“ со резултат 2-1.
„Бјанконерите“ двата погодоци ги постигнаа во првиот дел и тоа преку МекКени и Гонзалес во периодот од 14 до 39 минута што на крајот се покажа како доволно за освојување на три значајни бода и прекинување на серијата на нерешени натпревари.
Најдобриот стрелец на тимот Душан Влаховиќ на овој меч ниту постигна гол, ниту забележа асистенција, па беше доста лут откако ја напушти играчата во 85 минута, реакција за која има различни објаснувања, но и реакција со кое го привлече вниманието и му донесе нови критики.
- Се надевам дека беше лут на себе, а не на Мота. Не го разбирам таквото однесување. Тоа покажува недостаток на почит кон тренерот и соиграчот кои влегоа на теренот. Душан веројатно беше нервозен поради тоа што не постигна гол, но тоа не е во ред.
La reazione di #Vlahovic dopo essere stato sostituito. #MonzaJuventus pic.twitter.com/TpYlzIJHAc
— Daniele De Felice (@DanieleBibo) December 22, 2024
- Јувентус победи во Монца, но не беше целосно убедлив. Добро прво полувреме. Копмајнерс се снајде добро во централниот среден ред, но тие само се фокусираа на одбраната во последните 25 минути, седејќи назад во својот шеснаесетник. Очекував нешто поинакво, - истакнал Фабио Капело за „Газета Дело Спорт“.