Актерката Блејк Лајвли неодамна го обвини својот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување. Блејк и Џастин работеа заедно на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), а снимањето и промоцијата на филмот го одбележаа бројни контроверзи. Сега протече список со нејзините 30 барања на снимањето на филмот, од кои многу се однесуваат директно кон него.
Како што пренесуваат странските медуми, станува збор за дури 30 барања кои актерката ги направила, пред сè до Балдони, но и на други мажи кои работеле на филмот „Ова завршува со нас“.
Продукцијата на филмот беше одложена за 2023 година поради штрајкот на писателите. Еден ден пред да продолжи снимањето, се одржал состанок за надминување на непријателската работна средина. На состанокот на 4 јануари, актерката споделила дека има големи проблеми со Џастин Балдони и Џејми Хит, извршен директор на студиото „ВејФарер“ и продуцент на филмот.
Затоа ги изнела своите услови и сите присутни наводно се согласиле на 30те нејзини барања. Повеќето биле поврзани со сексуални проблеми.
Првото барање било забрана за прикажување голи видеа или фотографии на жени, вклучувајќи ја и сопругата на продуцентот. Друго барање било да престане да се зборува за претходната „зависност од порнографија“ на Балдони и Хит и „недостатокот на конзумирање порнографија“ на актерката.
Лајвли, исто така, побарала да не зборува за нивниот сексуален живот, гениталиите или ситуации во кои не била дадена физичка согласност за време на сексуалните односи.
Sony Failed Blake Lively on the Set of It Ends with Us. Justin Baldoni should've been fired. This list of Demands is Horrific, Disturbing, Disgusting, Sickening to Read. If A Huge Name Like Blake can get treated like this imagine how Just Starting/No Name Actresses are Treated. pic.twitter.com/VYY5S283Uz
— Charles Fernandez ᴮᴸᴹ #StanJosephineLangford (@movie_charles) December 21, 2024
Како што беше наведено во тужбата против Балдони, Лајвли забранила и секакво спомнување на претходни жалби против студиото „ВејФарер“, кое Балдони го кооснова. Забранила да ја прашуваат колку тежи – истото ембарго го ставила на прашања до нејзиниот тренер.
Наводно, таа му забранила на секој, особено на Балдони, да ја испрашува за нејзиниот покоен татко и религијата, како и да и ги наметнува своите религиозни убедувања.
Таа, исто така, побара веднаш да биде известена дали таа и нејзиното бебе повторно се изложени на ковид-19. Лајвли инсистирала да се постават јасни граници за снимање секс сцени, со задолжително присуство на координатор за интимност во секоја сцена со Балдони. Таа барала забрана за импровизирано бакнување, грицкање или цицање усни без нејзина согласност.
Едно од барањата било сите учесници во интимните сцени да бидат професионалци, што таа го одобрила и да не можат да бидат пријатели на продуцентот или режисерот. Забранила и снимање на голи сцени без договор.
А, изјавата дека Балдони и Хит влегле во нејзината кабина додека се пресоблекувала и го доела бебето ги шокирала сите.
Заради безбедност на актерската екипа, се барало искусен продуцент да го надгледува сетот. Сите интимни моменти морале да ги надгледуваат претставниците на актерката.
Како што е наведено, таа инсистирала на состанок пред продукцијата да продолжи да ги разгледува овие барања и да добие гаранции дека тие ќе бидат исполнети „за физичка и емоционална безбедност на неа, нејзиниот персонал и другите луѓе на сетот“.
За тензиите и несогласувањата меѓу главните актери, кои го засенија филмот „Ова завршува со нас“, се зборуваше и претходно, а неодамна се огласија и членовите на филмската екипа, кои сакаа да останат анонимни. Така продолжува драмата околу овој филм.