Павел Дуров: "Telegram" стана профитабилен, вкупниот приход во 2024 година надмина милијарда долари

Точка

23/12/2024

18:36

531

Големина на фонт

а а а

Апликацијата за пораки "Telegram" стана профитабилна, а нејзиниот вкупен приход во 2024 година ќе надмине милијарда долари, објави денеска основачот на оваа социјална мрежа Павел Дуров.

Компанијата, која ја започна својата услуга за премиум претплата во 2022 година, сега има 12 милиони корисници кои плаќаат, додаде Дуров.


Дуров, исто така, рече дека компанијата ја завршува годината со повеќе од 500 милиони долари во готовински резерви, несметајќи ги нејзините средства во криптовалути, пренесува "TechCrunch".


Извршниот директор на "Telegram" рече дека компанијата исплатила значителен износ од своите должнички обврзници оваа есен, но додаде дека „има многу работа“ во таа област. Претходно оваа година, во интервју за "Financial Times" (FT), Дуров рече дека компанијата ќе достигне профитабилност во 2025 година и дека има за цел да излезе на берза во иднина.


"Telegram", кој има повеќе од 950 милиони месечни активни корисници, воведе нови функции за компаниите, додаде услуга за споделување приходи од реклами, им овозможи на креаторите да заработуваат преку платена содржина на каналите и лансираше мини продавница за апликации, пренесува "Tanjug".