[ФОТО/ВИДЕО] Големо откритие во Русија: Пронајдени остатоци од мамут стари околу 50.000 години

Точка

23/12/2024

18:18

1.424

Големина на фонт

а а а

Во Руската република Јакутија, откриени се уникатни, добро сочувани остатоци од младенче мамут, за кои се проценува дека се стари околу 50.000 години, изјави за медиумите, Максим Чепрасов, директорот на музејот на мамути.

„Во овој момент можеме да кажеме дека ова е едно од најдобрите откритија на остатоци од мамути некогаш пронајдени во светот. Досега во светот се пронајдени вкупно шест остатоци од мамути, од кои пет се во Русија“, рече Чепрасов, а пренесува РИА Новости.

Според него, задните и предните делови од остатоците од мамутот биле откриени од локалните жители во јуни годинава во областа Батагајка во гратчето Верхојанск.


Во октомври, остатоците од мамутот биле доставени во Јакутск, каде што започна прелиминарното генетско истражување во лабораторијата НЕФУ.



Висината на бебето мамут во гребенот е 120 сантиметри, должина – помалку од 2 метри, а научниците утврдиле дека се работи за женка стара околу една година.