[ФОТО/ВИДЕО] Ова е човекот кој ќе ве остави без здив: Направил село до кое не постои пат, а глетката изгледа нестварна

Точка

23/12/2024

14:54

1.660

Големина на фонт

а а а

„Посетив човек кој изградил свое село на рид до кој нема пат, но до него води жичарница која тој ја изградил. После тоа се упатив кон видиковецот Плато Покут, од каде имате поглед на Качкар планина. По лесниот ден, време беше да бидеме малку активни, возевме мотоцикл на Качкар, а ден потоа се возев со мотор на еден од најпосакуваните патишта за возење во светот – Кањонот Црни. За крајот на денот, уживавме на зајдисонце од кајак во Црниот Кањон“, напишал во описот на ова видео на „YouTube“ Радован Ковач, авторот на емисијата „Предизвикај ја авантурата“.

Имено, Радован во едно турско село посетил извесен човек по име Метин. Не постои пат по кој може да се стигне до него, дури и пешки е голем проблем да се стигне до него.

„Неговото превозно средство е жичарницата која сам ја изградил. Селото, кое кога ќе се преведе на македонски (во оригиналниот текст стои српски), се вика ’Она кое само себе се чува‘“, започнал Радован додека ја чекал жичарницата.

„Ух, ама се луламе. Кога тој ќе свирне, тоа е знак дека можеме да тргнеме. Ова е полудо од било кој „зип-лајн“ на кој сум бил. Многу е високо. Верувам дека е сигурно, иако се чини дека не е така. Возењето трае минута. Првото чувство кога почнува да лула, малку е незгодно, човек може да се исплаши, но потоа е ОК. Домаќинот веќе нè снима со телефон“, рекол Радован, кој на крајот бил пречекан од Метин.


„Тука сум роден, овде пораснав и овде живеам. Зимно време сум овде сам, а преку летото доаѓа моето семејство и сите сме тука заедно. Во просек паѓа метар снег, но јас нема проблеми во однос на контактот со околината Не сум изолиран во таа смисла, жичарницата и автомобилот ми работат, така што немам проблеми со поврзувањето“, зборувал Метин и открил како ги поминува деновите во селото во кое тој е единствениот жител.


„Во текот на летото станувам рано наутро со црцорење на птиците. Целата работа овде ја завршувам сам. Имам толку многу работа што ниту цел ден не ми е доволен. Кога е зима, тогаш одам во шумата, сè разбира, доколку нема снег. Собирам дрва и работам околу домаќинството. А кога има снег, нема активности, па нема ниту движење. Тогаш читам книги. Така го минувам времето. Овде некогаш постоеше маало, но сето ова што го гледате околу себе, тоа е дело на моите раце.

Изнајмување бунгалови само за одбрани – мирот е на 1-во место

„Метин изнајмува бунгалови кои самиот ги изградил. Вели дека ги бира гостите, не прифаќа секого затоа што, како прво, не сака да му го наруши мирот. Ние сме на 800 метри надморска височина и сега сум во куќичка на дрво. Оваа куќа има топла вода, а тој ја однел водата од еден извор со црево до селото. Многу е убаво, има балкон, спална соба, тоалет, сè за пријатен престој во природа и тишина“, зборувал Радован.



Метин открил дека може да прими најмногу 12 луѓе.

„Овде владее мистична атмосфера, доаѓаат луѓе кои се уморни од гужвите. Нема пат за автомобили, ни бучава или пак звуци. Нема ништо. Се слушаат само звуците на природата, нема ништо што би можело да ве вознемири Сè што направив, направив од дрва кои ги собирав од шумата. Користев сè што најдов, дрвја, гранки. Од тоа дрво направив маса и столови. Не е купено дрво“, открил Метин, кој имал струготини секаде на подот.


„Зошто има пилевина на подот? Кога ја правев кафетеријата, последни ги направив столовите. Додека го обработував дрвото пилевината паѓаше и размислував да го исчистам сето тоа, но потоа сфатив дека ќе биде добра бидејќи нема да има кал и ќе собира влага, па ја оставив“, споделил Метин.


Жичарата не е играчка, се работи за човечки животи

„Да ми недостасуваа луѓето, немаше да живеам овде. Ако прашувате за купување намирници, немаме големи продавници овде. Имаме мали продавници кои се доволни за нашите потреби. Ако навистина ни треба нешто, еднаш на две недели одиме во големите продавници. Порано живеев во гужва, но лесно се навикнав да живеам сам. Кога одам до маркет, се трудам сè набрзина да завршам и не се задржувам долго меѓу луѓето“, вели Метин, кој самиот го именувал ова село.


„Ќулине“ е старото име на селото, а сегашното име е „Селото кое само себеси се штити“. Јас му го дадов тој назив. Зошто? Затоа што е тешко да се дојде со автомобил, а без жичница не е возможно. Јас ја правев. Организирав луѓе да ми помогнат околу носењето материјали и техничка помош, но речиси сè направив сам. Секако дека е сигурна. Сигурна е барем колку еден автомобил. Сепак се работи за човечки животи, не е тоа играчка. Жичарата се користи веќе 12 години, секако, редовно ги менувам деловите на неа“, рекол Метин и истакнал дека сака да остане во ова село до крајот на животот.


„Немам некои посебни планови за иднината или некои поголеми цели. Сакам да останам овде и да го живеам животот на мојот дедо. Сакам овде да ги дочекам последните денови.