Медитеранската исхрана: Седум години по ред најдобра диета според лекарите, носи здравје и штити од болести

Точка

23/12/2024

11:30

705

Големина на фонт

а а а

Медитеранската исхрана, седум години по ред прогласена за најдобра од страна на експерти, се истакнува како најефективен начин на исхрана за одржување здравје.

Таа помага во намалување на крвниот притисок, нормализирање на шеќерот во крвта, заштита на срцето, и превенција од различни болести.

Оваа исхрана се темели на растителна храна, мешунки, незаситени масти и морски плодови. Покрај тоа што е корисна, медитеранската исхрана е и лесна за следење и за подготовка, што ја прави идеална за семејства.


Зошто е добар избор?

Нутриционистите сметаат дека оваа исхрана е идеална за:

• регулирање на телесната тежина,

• здравјето на срцето,

• здрави коски и зглобови,

• дијабетес,

• и како долгорочен начин на живот.


Пример мени:

• Појадок: 'Ржан леб, сардина, домат, пиперка, краставица (со маслиново масло).

• Ужина: Грст коскесто овошје.

• Ручек: Чинија супа и свежа салата (грашок со говедско месо, грав со сланина или боранија).

• Ужина: Јаболко или овошје по избор.

• Вечера: 'Ржан леб, урда, варена брокула со маслиново масло, шолја сок од домати.


Медитеранската исхрана не е привремена диета, туку долгорочен начин на живот. Освен здрав избор на храна, таа подразбира и умереност, препорачувајќи прекин на јадењето кога стомакот е полн 80%.

Овој начин на исхрана не само што го подобрува телесното здравје, туку го промовира и целокупното чувство на благосостојба.