6 комбинации на состојки во производите за нега на кожа кои не смееме да ги мешаме: Ретинол и AХА киселината е само една од нив

Точка

21/12/2024

18:13

594

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за негата на кожата, многу е важно внимателно да ги бираме состојките што ги комбинираме. Некои активни состојки може да бидат премногу силни кога се користат заедно, што може да доведе до иритација на кожата или да го намали нивниот ефект.

Еве ги најчестите комбинации што треба да се избегнуваат:

Ретинол и витамин Ц

Овие две состојки имаат различно ниво на pH и може да ја намалат ефикасноста една на друга. Ретинолот е најдобро да се користи навечер, додека витаминот Ц наутро.

Ретинол и салицилна киселина


Двете состојки се моќни, но кога се користат заедно може да предизвикаат прекумерна сувост, црвенило и иритација.

Витамин Ц и ниацинамид

Кога се комбинираат, овие две состојки може да предизвикаат промена во pH вредноста, што ја прави кожата чувствителна и ја намалува ефикасноста на производите.

Салицилна киселина и бензоил пероксид

Оваа комбинација често се користи за акни, но може да ја исуши и иритира кожата.

Хијалуронска киселина и алкохол


Производите со висок процент на алкохол можат да ја намалат хидратантната способност на хијалуронската киселина.

Ретинол и AХA/БХА киселини

Киселините како што се гликолната и млечната киселина ја ексфолираат кожата, додека ретинолот ја стимулира регенерацијата. Комбинацијата може да биде премногу агресивна за кожата.