[ВИДЕО] Германците објавија видео од насмеаниот терорист од Магдебург: Откриено што правел 24 часа пред масакрот

Точка

22/12/2024

12:07

2.729

Големина на фонт

а а а

Насмеан, извадил шише пиво со лимон од фрижидерот, се поздравил и нарачал „фламкучен“ со ракчиња.

Шокантна снимка од надзорна камера во еден бар открива што правел Талеб А. (50) само 24 часа пред да влета со својот автомобил во толпа луѓе на божиќниот пазар во центарот на Магдебург.


Според снимките, Талеб насмеано извадил шише пиво со лимон од фрижидерот, се поздравил со персоналот и нарачал „фламкучен“ со ракчиња.


Еден ден подоцна, со своето БМВ се упатил кон божиќниот пазар во Магдебург.

Според германските медиуми, „возачот на смртта“ бил редовен муштерија во снек барот „Зале грил“ во Бернбург (Саксонија-Анхалт).


Снимките од надзорните камери покажуваат што правел ноќта пред злосторството.

Талеб А. (50) следниот ден со својот автомобил влетал во толпата на божиќниот пазар во центарот на градот, убивајќи пет лица и повредувајќи 200 други.


Наводно, бил под дејство на дрога.