Стручна комисија ќе констатира дали имало лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе – ДСЗИ забележа пропусти

Макфакс

19/12/2024

16:38

186

Големина на фонт

а а а

Инспекторатот забележа пропусти на Детската клиника во врска со смртта на седуммесечното бебе кое било пуштено дома по првиот преглед, па хоспитализирано по два дена кога состојбата дополнително се влошила.

„Доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување. При надзорот исто така е констатирано дека на клиниката сеуште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, а за кое во ДСЗИ се води прекршочна постапка”, се вели во извештајот на ДСЗИ.

Инспекторатот ќе бара од министерот за здравство да формира посебна комисија која ќе изврши и стручен надзор врз начинот на којшто било лекувано бебето.

Родителите седуммесечното бебе го однеле на Детската Клиника на 9 декември, а по прегледот било пуштено дома. По два дена состојбата се влошила и поворно било донесено на Клиника. Од Одделот за неврологија, по 48 часа бебето било пренесено на Одделот за интензивна нега и терапија. По стабилизирање на состојбата, повторно било вратено на Одделот за неврологија, каде престојувало неколку часа, по што повторно е вратено на ОИНТ, каде се направени дополнителни радиолошки, ехогравски и други лабораториски испитувања, што укажуваат на тешка општа состојба на детето. На 15 декември бебето починало.