Недијагностицираната болест во Конго може да биде поврзана со маларија

Макфакс

19/12/2024

19:02

755

Големина на фонт

а а а

Смртоносна, недијагностицирана болест што се шири во регион на Конго можеби е поврзана со маларија, изјавија денеска здравствените власти од Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), агенцијата за јавно здравје на Африканската унија.

ЦДЦ соопшти дека до 14 декември, последниот датум за кој се достапни податоци, пријавени се 592 случаи на недијагностицирана болест, со 37 потврдени смртни случаи и 44 смртни случаи под истрага, објави ABC News.

Началникот на штабот на ЦДЦ Африка, Нгаши Нгонго, денеска на прес-конференција изјави дека минатата недела во лабораторија биле тестирани 181 примерок од 51 случај.