Зеленски: Единството на ЕУ и САД е неопходно за мир во Украина

Макфакс

19/12/2024

14:13

199

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека единството на Европската унија и Соединетите Американски Држави е неопходно за да се постигне мир во неговата земја.

„За нас е важно единството на САД, ЕУ и европските земји, особено од почетокот на следната година“, рече Зеленски во Брисел, пренесува Ројтерс.

„Ни треба тоа единство за да постигнеме мир. Само заедно САД и Европа можат да го запрат рускиот претседател Владимир Путин и да ја спасат Украина“, рече Зеленски во пресрет на самитот на ЕУ.

Зеленски изјави дека за време на неговиот престој во Брисел ќе разговара за заштитата на енергетскиот сектор на Украина, зголемувањето на производството на украинско оружје и помошта поврзана со образовниот систем.