Што е тоа во багажникот?! Оваа фотографија од "Google Maps" помогна да се реши убиството

Точка

19/12/2024

15:42

1.163

Големина на фонт

а а а

Полицијата ја истакна важноста на фотографијата направена со автомобилот на "Google" во решавањето на случајот со убиениот.

Откако еден Кубанец кој живеел во Шпанија минатата година изгубил контакт со своите роднини, започнала полициска потрага, која за жал открила дека човекот бил убиен, а случајот делумно бил решен благодарение на "Google" и неговите мапи. Несреќниот Кубанец се обидел да пронајде жена која наводно му била партнерка во малото гратче на северот на Шпанија, Тахуеко, но комуникацијата со неговите роднини наеднаш станала сомнителна. Во пораките напишал дека нашол друга жена со која ќе ја напушти Шпанија и дека има намера да се ослободи од својот телефон.


Со оглед на тоа дека на роднините им било сомнително и верувале дека пораките не ги пратил тој, туку некој друг, била известена полицијата. Истрагата на крајот го поврза неговото исчезнување со споменатата поранешна партнерка, која сега е во нова врска со друг маж, а минатиот месец и двете лица беа уапсени за наводна вмешаност во убиството бидејќи полицијата пронашла торзо на гробиштата во блиското село, за кое веруваат дека припаѓа на Кубанецот.

Иако многу детали за овој случај не се познати бидејќи истрагата сè уште е во тек, шпанската полиција ја истакна улогата на "Google Maps" и сликите кои значително и помогнале. Една од индициите што инспекторите ги користеле за да го решат злосторството, иако тоа не била конечна трага, биле сликите од апликацијата за мапирање кои биле откриени во текот на истрагата, соопшти полицијата. Овие слики им помогнале да го идентификуваат возилото што можеби било користено во злосторството.


Една од тие слики сè уште се наоѓа на "Google Maps", а се работи за сликата од насловната страница на овој текст, на која маж става нешто во голема бела торба во багажникот на автомобилот. Исто така, на една од сликите во далечина, можете да го видите тој човек како ја носи истата вреќа во некаква количка, но таа личност е премногу далеку за да му го види лицето. Полицијата не коментираше што имало во таа торба, но не е тешко да се заклучи на што личи, а целиот случај за "El Pais" го коментирале и жителите на Тахуеко каде живеат само 56 луѓе и каде фотографијата била направена. Тие коментираат дека претходно ја виделе таа фотографија на "Google Maps", но никогаш не размислувале за неа. “Не мислевме дека на фотографијата од багажникот може да има тело“, велат тие.