Девет лица загинаа во голем пожар во Тајван во зграда за преработка на храна

Макфакс

19/12/2024

18:28

804

Големина на фонт

а а а

Девет лица загинаа во пожар што избувна во голема зграда за преработка на храна во изградба во централниот дел на Тајван, јавија локалните медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа густ чад и пламен кој доаѓа од едниот крај на зградата, пренесе АП.

Пожарот брзо се проширил, но причината се уште не е утврдена.

Едно лице починало откако скокнало од третиот кат, додека останатите жртви биле пронајдени при претрес на пожарникарите по изгаснувањето на пожарот.