Магла на неколку патни правци, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови

Макфакс

19/12/2024

12:53

204

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.

Постои намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри на патните правци Скопје – Катланово и Катланово – Скопје и до 100 метри на патниот правец М. Брод – Кичево.

Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

“Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.