На младата Кортни Манган ѝ биле дале само 18 проценти шанси за преживување кога ѝ бил дијагностициран рак на кожата во четврт стадиум.
Кортни, која доаѓа од австралискиот Голд Коуст, веќе двапати отишла на лекар поради бенка што ја загрижувала. Сепак, нејзината загриженост била игнорирана од лекарите, и дури кога побарала совет од специјалист за кожа, Кортни ја дознала страшната вест – веќе е „доцна“.
„Имав бенка на грбот што навистина не ја забележав – но моето семејство забележа дека почна да се менува и ми рекоа да одам на лекар. Специјалистот ми го прегледа целото тело и рече дека се изгледа нормално, но изразив загриженост за бенката на мојот грб, па зеде примерок и го испрати на анализа“, раскажала Кортни.
Кортни изјави за „Дејли мејл“ дека брзо добила повик од нејзиниот лекар, кој потврдил дека бенката е меланом од четврт стадиум и дека треба да посети друг специјалист во Бризбејн.
„Се замрзнав – вујко ми умре од меланом само неколку години пред тоа. Целиот мој свет се промени во тој момент. Не можев да мислам на тоа како ништо друго освен смртна казна“, рекла Кортни, коа сега има 38 години.
Сепак, во тоа време таа сè уште немала официјална дијагноза. Дури кога Кортни почнала да доживува дополнителни симптоми ѝ било кажано дека нејзиниот рак е четврт стадиум.
Една година откако лекарите ѝ ја извадиле канцерогената бенка на рамото, Кортни добила грутка на раката. Таа потоа почна да чувствува болка додека јадела – нешто што првично верувала дека е предизвикано од синдром на нервозно дебело црево (IBS).
Меѓутоа, ендоскопијата открила дека има маса во цревата, а по операцијата, Кортни била информирана дека ракот се проширил на нејзините внатрешни органи и сега е четврт стадиум. Подоцна била пронајдена друга маса на нејзиниот бут, но лекарите не успеале да ја отстранат.
За среќа, Кортни сега е без рак веќе три години, но вели дека никогаш не можете целосно да се ослободите од стравот од враќањето на болеста.
„Секогаш се чувствувате како да има темен облак над вас“, заклучила таа.