Бове излезе од болница

Макфакс

14/12/2024

10:36

1.025

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове по 12 дена ја напушти болницата, соопшти клубот.

Младиот фудбалер колабираше на теренот за време на дербито со Интер на 1 декември, а пред неколку дена му беше вграден дефибрилатор.

Кариерата на Бове во Италија е завршена. Прописите во Серија А се строги, не може да игра фудбале со дефибрилатор, но може да игра надвор од италијанскиот полуостров.

Кристијан Ериксен мораше да го напушти Интер откако доживеа срцев удар, но доби шанса да игра во англиската Премиер лига со дефибрилатор, сличен е случајот и со Дејли Блинд кој игра во Шпанија.

Бове има 22 години и од летото настапува за Фиорентина како позајмен играч од Рома.