[ВИДЕО] Бизарен ММА натпревар: Натпреварувачот влечеше полугола жена како куче до кафезот, а во него претепа друга

Точка

13/12/2024

15:48

6.171

Големина на фонт

а а а

Романската ММА организација „RXF“ ги шокираше следбениците на овој спорт со борбата во која Тикток ѕвездата, Костика Присекару се бореше против женската противничка Флоричика Дансатоаре.

Но гледачите доживеаја шок уште пред самата борба, односно во моментот на појавувањето на Присекару.


Имено тој се движеше кон борбениот кафез со звуците на песната „Pimp“ на американскиот рапер 50 Сент, облечен во крзнена бунда и со цигара во раката. Додека покрај него се наоѓаше девојка која го следеше одејќи како куче, на раце и на колена, а тој ја држеше за поводникот кој ѝ беше ставен околу вратот.

Што се однесува до борбата, таа вклучуваше ласцивни сцени, а заврши со аплауз од публиката. „Им благодарам на навивачите. Не се плашев од Флоричица, и двајцата сме силни. Не е важно што таа е жена, борбата е борба“, изјави Присекару по натпреварот.