Кинеските власти последниот период отворија жестока офанзива против корупцијата во спортот во азиската земја, а националните медиуми објавија дека еден од оние кои добија сериозна казна е и поранешен фудбалски селектор на Кина.
Ли Ти како фудбалер стигна и до англиската Премиер лига, а по крајот на кариерата, кратко беше и кинески селектор, период во кој ги прекршил законите и поради што го очекува 20-годишен престој во затвор.
47-годишниот Ти според обвинението заработил 6,7 милиони американски долари од мито кое го добивал од фудбалерите за да бидат повикани во националниот тим и тоа во периодот од јануари 2020 до декември 2021 година.
Ти во фудбалската кариера беше играч од средниот ред, кој во 2002 година се пресели од Кина во Евертон и во овој клуб остана четири години.
Настапуваше и за Шефилд Јунајтед, а за кинеската репрезентација има дури 92 настапи.
Li Tie, former head coach of China's national men's football team, was sentenced to 20 years in prison by the Intermediate People's Court of Xianning in central China's Hubei Province on Friday for multiple bribery offenses. pic.twitter.com/jcN2BLDt6v
— Sports China (@PDChinaSports) December 13, 2024