Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
ЕВН со офанзивна игра до победа над ВДЛ Ван Хоол
ЕВН 4-2(3-1) ВДЛ Ван Хоол
ЕВН: Никола Атанасов 13”, Бојан Кечкаровски 14”, Ајет Новобрдалија 14”, Вилијам Митев 27”
ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 4”, Филип Никодиновски 36”
Екипите на ЕВН и ВДЛ Ван Хоол натпреварот го започнаа со стандардните состави, но за разлика он ЕВН која имаше комплетен ростер покрај аут линијата, ВДЛ Ван Хоол вечерва настапи без помош од клупата, практично без замени и голман. И двете екипи го започнаа првото полувреме во брз ритам со најголем акцент на играта во нападот. Прва до погодок стигна екипата на ВДЛ Ван Хоол која преку Трајковски 4” поведе со резултат од 0-1. Во втората половина од првото полувреме екипата на ЕВН ја превзеде иницијативата и во две минути успеа да постигне 3 погодоци за резултат од 3-1, со што го превзема водството и истото со чести замени успеа да го задржи до свирежот за полувреме.
Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол се обидуваше да најде против игра како би го намалила водството на ЕВН и би ја анулирала резултатската предност која ЕВН ја стекна во првото полувреме, но екипата на ЕВН ја играше својата препознатлива игра не дозволувајќи ВДЛ Ван Хоол да наметне свој ритам. Во втората половина од натпреварот ВДЛ Ван Хоол успеа да намали на 4-2, но ЕВН не дозволи целосен пресврт па го доби овој натпревар со 4-2.
Фабрика Карпош - ГИМ со пресврт во второто полувреме до победа над Стопанска Банка
Стопанска Банка 4-6(2-1) Фабрика Карпош - ГИМ
Стопанска Банка: Христијан Богдановски 10” 18”, Бојан Ѓорѓиевски 21”, Дарко Симјановски 30”
Фабрика Карпош - ГИМ: Филип Илиевски 14” 37”, Тони Котев 23”, Георги Божиков 27” 28” 29”
Екипите на Стопанска Банка и Фабрика Карпош – ГИМ со исклучително израмнета игра го започнаа овој натрпевар. И на двете страни се играше брз и отворен фудбал преку кој екипите доаѓаа до изгледни шанси за гол. Фабрика Карпош – ГИМ во текот на целото прво полувреме играше со голман-играч, додека пак Стопанска Банка настапи со стандардна постава. Прва до водство дојде екипата на Стопанска Банка преку Богдановски 10” кој со гол успеа да му донесе водство на својот тим од 1-0. По неполни 5 минути Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски 14” успеа да го израмни резултатот на 1-1, но Стопанска Банка направи притисок во предно поле и повторно преку Богдановски 18” го врати водството на 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи влегоа во егал натпревар. На двете страни најизменично се менуваа со водството. Во ваквата игра прва до погодок дојде екипата на Стопанска Банка преку Ѓорѓиевски 21” со што ја зголеми предноста на 3-1. Во тие моменти еипата на Фабрика Карпош – ГИМ свика тајмаут по кој целосно го промени техничко-тактичкиот пристап на натпреварот. Ова вроди со плод и до средината на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ усепа да постигне 4 погодоци во низа за резултат 3-5 со што практично направи целосен пресврт на овој натпревар. Екипата на Стопанска Банка преку Симјановски 30” успеа да ја намали негативата на 4-5. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа ја задржа контролата над топката и во завршните минути од натпреварот ја запечати победата со погодок во реализација на Илиевски 37”. Конечен резултат 4-6.
Во натпревар полн со рпесврти Glass LUX до победа над ЈСП
ЈСП 6-8(2-4) Glass LUX
ЈСП: Филип Колеќески 5”, Тихо Фидановски 29” 30” 33”, Мартин Ливрински 16” 28”
Glass LUX: Далибор Костовски 4” 17”, Мартин Трајановски 8”, Давид Блажевски 11” 23” 40”, Филип Стојковиќ 24”, Александар Ристовски 24”
Екипите на ЈСП и Glass LUX максимално мотивирано и со целосен фокус влегоа во овој натпревар. Уште на самиот старт и двете екипи играа пресинг по целиот терен, игра која им овозможуваше преку контра напади да доаѓаат до изгледни шанси за гол. Прва до водство дојде екипата на Glass LUX по што ЈСП возврати со што го израмни резултатот на 1-1. Glass LUX целосно ја превзеде иницијативата од тој момент и успеа да дојде до резултатска предност од 1-3. Но ЈСП се вративо натпреварот со гол и намали 2-3. Во самиот финиш од првото полувреме Glass LUX успеа да поведе со 2-4.
Во второто полувреме екипата на Glass LUX со одлична игра успеа да стигне до дури 5 гола предност при резултат 2-7. Во тие моменти екипата на ЈСП водена од тренерот Давор Калиноски кој ги мотивираше успеаа да направат целосен пресврт и со одлична игра успеаа да се вратат на само гол негатива при резултат 6-7. Во тие моменти ЈСП се обиде со голман-играч да го израмни резултатот но Glass LUX остана присебен и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 6-8.